Посебен режим на сообраќај во четврток во Скопје
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.09.2023 година (четврток) со почеток во 09.00 часот, поради одржување на синдикален протест, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.
Протестот ќе се одвива со траса на движење од ул.„Мирче Ацев“–ССМ, ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, десно по бул.„ВМРО“ и лево по бул.„Илинден“ пред Влада на Република Северна Македонија.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши