Поранешното раководство на “Хипо Алпе Адрија Груп” осудено од шест до осум години затвор
Поранешното финансиско раковоствто на „Хипо Алпе Адрија Груп” е прогласено за виновно за делото перење на пари и злоупотреба на службената положба и Сенатот на Љубљанскиот суд им одреди од шест до осум години затвор, јави диписникот на МИА од Љубљана.
Дополнително судот им наложи на осудените Антон Роми, Божидар Шпан, Андреј Поточник и Андреј Облак, поради своите дела да платат и казни од 35.000 евра. Осудените лица кои не присуствуваа на изрекувањето на пресудата, ќе мораат на државата да и ги вратат милионите нелегално стекнати евра.
Поранешниот извршен директор на банката Роми, е осуден на шест години затвор и казна од 35.000 евра.
Судскиот процес против поранешното раководство на “Хипо Алпе Адрија Груп” започна во ноември 2015 година, кога тогашната директорка Хилда Товшак, ја призна вината за помагање и поттикнување на перење пари, при што доби условна затворка казна од една ипол година.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ