Порака од Свештената бигорска Обител до верниците по повод почетокот на велигденските пости
По повод денешниот, прв ден на велигденските пости, познат како чист понеделник, Свештената бигорска Обител, упати порака до верниците, посакувајќи благословен пост.
- Да постиме со пост пријатен, благоугоден на Господа, а вистински пост е: бегање од злото, воздржување на јазикот, отфрлање на гневот, на похотите, озборувањето, лагата, прекршување на дадено ветување. Ако овие нешта ги оставите, постот е вистински и благопријатен, е пораката од Свештената бигорска Обител.
Во ова древно македонско светилиште, изминатите денови, посебно вчера, на Прочка, присуствуваа неколку илјади верници од сите делови на државава.
На умилителната вечерна на простувањето владиката Партениј, игумен на манастирот, меѓу другото рече дека „би требало да живееме во љубов, во милосрдие, во пост и во молитва, зашто таа е нашата вистинска патека".
Барајќи прошка, рече дека пред нас е најблагословениот период, духовната пролет на Црквата, Светата Четириесетница.
- Срцето ми е исполнето со љубов кон сите вас и со желба за ваше духовно напредување. Барам прошка од сите вас доколку некого сум ожалостил и ве благословувам со цело срце. Нека ви биде постот благословен и богоугоден! Добра Четириесетница! Да си ја дочекаме сите заедно Светата Пасха во радост и во духовно веселие, посака владиката.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Православните христијани го празнуваат Божиќ, денот на Христовото раѓање
-
Охрид исполнет со туристи за божиќните празници
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Скопје и денеска најзагаден град во светот, премиерот најавува конкретни мерки но потребни ќе бидат повеќе години
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник