Поради Ковид-19 одложено и третото рочиште од судењето против браќата Усеиини од Охрид
Не се одржа ниту третото по ред рочиште од судскиот процес што пред Основниот суд во Охрид се води против браќата Нефи и Ибраим Усеини. Причина за неодржувањето на дешениот распит е што поради Ковид-19 на првообвинетиот Нефи Усеини му е изречена мерка домашна изолација.
Инаку, првото рочиште од процесот беше одложено за 26 октомври, поради влошената здравствена состојба на Ибраим, брат на советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ – Нефи Усеини. Тогаш пред Судскиот совет од предметот што го водеше судијата Милчо Клишески не се појави ниту Спиро Топалоски оштетениот и главен сведок во судењето, со образложение дека неговата сопруга вработена во детска градинка не можела да отсуствува од работно место така што немало кој да се грижи за децата.
Второто рочиште не се одржа поради тоа што второобвинетиот Ибраим Усеини беше на оперативно лекување во странство и стоматолошка интервенција на оштетениот Спиро Топалоски.
Покрај денешното, предметот што сега го води судијката Билјана Белеска имаше закажано уште едно рочиште на 3 декември што, исто така е одложено, со појаснување дека процесот треба да продолжи во јануари 2021 година.
Обвинителството покрена постапка против браќата Усеини за настан што се случи на 18 август годинава кога пред хотел во Охрид Спиро Топалоски физички бил нападнат од браќата Усеини, при што според првичната изјава на оштетениот бил изваден и пиштол, а кон него и неговиот малолетен син биле упатувани закани. Судскиот процес против нив се води поради сомневање дека се сторители на кривично дело „насилство“, иако против нив првично беше покрената пријава и за „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“. Оштетениот Топалоски го смена исказот даден во предистрага, посочувајќи дека се работи за недоразбирање односно погрешно протолкувана изјава. За одбраната исказот на Топалоски даден пред Јавен обвинител беше посочена како единствен валиден доказ во постапката.
Ново на Сител
-
Протест пред зградата на РТС во Белград: Студентите залудно бараа вклучување во програмата
-
Во Братислава 60.000 луѓе протестираа со барање за оставка на Фицо
-
Лоши вести за Баерн, повредата на Дејвис е посериозна од очекуваното
-
Белград: На осомничената која удри девојка со автомобил и е одреден притвор до 48 часа
-
Ја заслужуваш титулата пријателе - Ѓоковиќ ќе навива за Зверев во финалето на Австралија Опен
-
Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
-
Путин: Не одбивме комуникација со Вашингтон, подготвени сме за разговори со Трамп
-
Инцидент во Нов Белград: Со автомобил влетала во насобраните граѓани и удрила студентка