Поповски-Едвардс: Поддршка од Обединетото Кралство за транспарентноста и отвореноста на Владата
Министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски денеска на имаше средба со заменик амбасадорот Обединетото Кралство во Македонија Пол Евдардс, на која се разговараше за заложбите на новата Влада на Република Македонија кон отвореност и целосна транспарентност на сите институции кон граѓаните на земјава, соопшти владината прес-служба.
Министерот Поповски, на средбата ги најави медиумските реформи предвидени во рамките на планот 3-6-9 во насока на забрзување на евроатлантските интеграции на земјава.
- Заменик амбасадорот Едвардс изрази поддршка и најави конкретна помош во насока на зајакнување на комуникацијата на владините институции кон граѓаните. На предлог Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој во моментов е во фаза на јавна дебата и се очекуваат забелешките и дополнувањата од страна на граѓанските организации кои се транспарентно вклучени во процесот, по што предлог законското решение ќе биде ставено на дневен ред на седница на Влада, се наведува во соопштението.
Британската амбасада во Македонија ги поздрави преземените мерки за одржување неделни брифинзи со медиуми кои секторот за комуникации ќе ги оддржува по секоја редовна владина седница, како и најавата дека сите министерства наскоро ќе ја започнат оваа практика.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден