Поплочени пет улици во гостиварската населба Млаки
Во гостиварската населба Млаки денеска беше одбележано завршувањето на работите на поплочување на пет улици. Градоначалникот Невзат Бејта рече дека на вакво уредување жителите чекале речиси четири децении откако ги изградиле домовите во овој дел од градот.
- Тоа беше барање на жителите на населбата, а бидејќи Млаки е значаен дел на градот, обезбедивме потребни финансиски средства за уредување на овие улици. Станува збор за вкупна површина од 1.500 квадратни метри, а вредноста на инвестицијата е над 22 илјади евра, рече меѓу другото Бејта.
Тој потенцираше дека со овој проект на локалната власт создадени се подобри услови за жителите на населбата, особено за децата кои одат на училиште.
Жителите изразија благодарност и потсетија дека минатата година во оваа населба беше поставено јавно осветлување и се замени водоводната и канализациската мрежа на главната улица.
Ново на Сител
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените
-
Работна група од влада ќе ги „чешла“ деталите од бугарскиот предлог за железничкиот тунел
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ, комисија за заразни болести
-
Масовна партизација или популизам: Меџити најави илјадници вработувања на Албанци во администрацијата
-
Вработувања на 300 приватни специјализанти во април – ново ветување на Таравари
-
Камери од домот на Манев ја открија поврзаноста на обвинетите за убиствата на Вања и Панче
-
Возила опремени со паметни камери ќе регистраат сообраќајни прекршоци како дел од „Безбеден град“
-
ДКСК: Член на комисија на АЕК не ги исполнувал условите, но лицето било именувано на функцијата од Собранието