Попладне услови за краткотраен пороен дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските региони. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степена.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Од УХМР најавуваат дека утре ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и ќе започне да дува слаб до умерен северен ветер. Од четврток ќе има претежно попладневна облачност повремено со услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.
Ново на Сител
-
Чудотворната икона „Пресвета Богородица Троерачица“ донесена во Скопје
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Чудотворната икона Пресвета Богородица Троерачица донесена во Скопје
-
Модуларни болници прокиснуваат, скапи апарати со години неотпакувани!
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палчо случајот е политичка наредба
-
Апелација ја укина пресудата против Зекири
-
Се намалуваат цените на над 70 производи, Владата ја усвои есенската кошничка