-->
-->
Попис во Јапонија: Речиси еден милион помалку Јапонци за периодот 2010-2015
-->
Населението во Јапонија за првпат по 100 години почна да се намалува, констатирано е при најновиот попис.
Во крајот на минатата година во Јапонија живееле 127,1 милиони луѓе, што е намалување за 0,7 отсто во споредба со 2010 година. Тоа значи дека во Јапонија има речиси еден милион жители помалку во 2015 во однос на 2010 година.
Пребројувањето на населението во Јапонија се извршува на секои пет години – од 1920 година.
Јапонската Влада не може да смета на раст на внатрешниот пазар и на нова работна сила како двигател на економскиот раст, јавуваат локални медиуми.
Според податоците, во минатата година една третина од населението во Јапонија било над 65 години и очекувањата се дека во 2050 година тој процент може да биде 40.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс