Пониски за 0,1 процент продажните цени на производителите во индустријата на годишно ниво
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември годинава се повисоки за 0,1 процент на месечно, а се пониски за 0,1 процент на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во септември во споредба со август годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите „трајни производи за широка потрошувачка“ за 0,5 процент, „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 0,3 проценти и „енергија“ за 0,2 проценти, додека во групата „капитални производи“ се останати на исто ниво.
Статистиката евидентира дека во септември оваа година споредено со септември лани продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите „интермедијарни производи освен енергија“ за 2,8 проценти и во групата „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 0,2 проценти.
Ново на Сител
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари
-
Преглед на вестите од светот