Пониски продажните цени на производителите на индустриски производи
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар лани во декември биле пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, а за 0,8 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2015 година во споредба со претходниот месец продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Капитални производи за 1,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3 и во групата Енергија за 0,2 отсто.
Во споредба, пак, со декември 2014 година продажните цени се пониски во групите Енергија за 1,3 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,7 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 проценти.
Ново на Сител
-
Со писмо до Таравари и Мицкоски 30 доктори од Клиниката за деца “Козле” бараат смена на директорката – таа демантира
-
Загаден воздух: Инспектори ќе ги тресат индустриските капацитети во државата
-
Арачиново повторно под полициска опсада - Пронајдено автоматско оружје, пушки, муниција
-
Реформи во системот за кризи
-
Акција на МВР во Арачиново
-
СДСМ: Тошковски го пушти Груби
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да го осудат Груби
-
Кардиоваскуларни прегледи преку „Мој термин“ во Штип