-->
-->
Помпео се подготвува за американско-кинески самит
-->
Американскиот државен секретар Мајк Помпео се подготвува за самит со кинеска државна делегација на Хаваи, во момент кога се влошени американско-кинеските односи, објави порталот Политико, повикувајќи се на неименувани извори.
Помпео е еден од најгласните критичари на политиката на Пекинг. Тој често ја критикува кинеската политика кон малцинствата, потоа за Хонг Конг, а минатиот месец го обвини Пекинг дека пропуштил „да ја спречи смртта на стотина илјади луѓе, бидејќи не бил доволно транспарентен за новиот коронавирус и одбиваше да ги подели инфорациите со светот“.
Информацијата за претстојниот самит на Хаваи не е потврден ниту од официјален Вашингтон, ниту од Амбасадата на Кина во САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот
-
Ден на Републиката
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето