Џихадистите зазедоа уште еден град во северозападна Сирија
Џихадистите и нивните сојузници го презедоа стратешкиот град Саракиб во северозападна Сирија од владините сили, соопшти синоќа Сириската опсерваторија за човекови права.
Саракиб е во покраината Идлиб, а со неговото заземање џихадистите и нивните сојузници ќе можат да го спречат напредувањето на режимот кон Алепо, кој исто така од вчера е под контрола на џихадистите.
Во борбите во северозападна Сирија во изминатите три дена загинаа 27 цивили, меѓу кои осум деца, изјави претставник на ОН.
Бунтовниците предводени од исламистичката милитантна група Хајат Тахрир ал-Шам на 27 ноември извршија упад во десетина градови и села во северозападната провинција Алепо, која е под контрола на Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Сириската армија соопшти дека продолжува да се спротивставува на џихадистите, потенцирајќи оти нанела големи загуби на бунтовниците во руралните области на Алепо и Идлиб.
Ново на Сител
-
Лишени од слобода разбојници од Арачиново
-
„Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух
-
Преку безбедносни служби до вечна власт | Павле Трајанов | Неформално | Sitel Podcast 074
-
Собранието го донесе државниот Буџет за 2025 година
-
Извлечени четвртфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Приведен поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефановски
-
Влада: Се замрзнуваат платите на избраните и именуваните лица
-
Приведени двајца жители на Арачиново кои со закана одзеле пари и мобилен телефон