Помпео: САД го депонираа протоколот за НАТО, ја чекаме С.Македонија као 30 членка
САД го депонираа ратификуваниот протокол за членство на Македонија во НАТО. Тоа го објави државниот секретар Мајк Помпео на неговата страница на Твитер.
„Со задоволство ви соопштувам дека САД го депонираа ратификуваниот протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Еден чекор поблиску до прифаќање на Македонија како 30-ти сојузник на НАТО“, објави шефот на американската дипломатија.
Американскиот Сенат го ратификува протоколот за членство на земјава во Алијансата на 22 октомври годинава.
Од полноправното членство во НАТО, Македонија ја дели само една ратификација, со оглед дека за десет месеци протоколот за пристапување во НАТО е ратификуван од 28 од вкупно 29 членки.
Се очекува и на Самитот на НАТО што ќе се одржи утре и задутре во Лондон, во завршната декларација да биде забележано дека земјата е добродојдена како 30 членка.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис