-->
-->
Половина од светската популација нема основна здравствена заштита
-->
Најмалку половина од светската популација нема пристап до основна здравствена заштита, а многумина се донесени на работ на сиромаштија плаќајќи сметки за лекување, соопшти Светската здравствена организација.
Околу 800 милиони луѓе ширум светот трошат најмалку 10 проценти од приходот на домаќинството за здравствена заштита за себе или болно дете, од кои околу 100 милиони, после сè, им останува да живеат со 1,90 долари на ден.
Во заедничкиот извештај со Светската банка, Светската здравствена организација вели дека е целосно неприфатливо половина од светската популација се уште да нема основна здравствена заштита.
Во заедничкиот извештај со Светската банка, Светската здравствена организација вели дека е целосно неприфатливо половина од светската популација се уште да нема основна здравствена заштита.
- Мораме да ги интензивираме нашите напори во правец на универзална здравствена покриеност, ако сериозно сакаме,не само подобро здравство, туку и да се стави крај на сиромаштијата, изјави претседателот на Светската банка Џим Јонг Ким.
Во извештајот како позитивно се истакнува фактот дека во овој век е зголемен бројот на луѓе кои добиваат терапија, како што се вакцините, лековите против сидата и ХИВ вирусот, како и за контрацепција.
Големи празнини во достапноста на услугите има во суб-сахарската Африка и на југот во Азија, се вели во извештајот и се додава дека во другите региони основните услуги, како што се планирање на семејството и имунизација на децата, се на располагање, но семејства чувствуваат голем финансиски притисок поради тоа.

Ново на Сител
-
Унгарија спасуваше бод против Македонија
-
И покрај забраната, има огромен број знамиња со сонцето од Кутлеш на трибините во Вараждин
-
Македонија одлично го отвори Светското првенство во ракомет во Хрватска Вараждин
-
Додека се слави за примирјето помеѓу Израел и Хамас, Нетанјаху соопшти дека договорот не е постигнат | ВИДЕО
-
САД со нови санкции кон Русија
-
Гутереш: Човештвото го ослободи злото од Пандорината кутија
-
Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот
-
ЈП Македонијапат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново