Македонија
28. December 2017 - 11:22

Полицијата упадна во македонски бордел - таму владеел вистински хаос

 Гостиварската полиција во еден локал во село Чегране затекнала повеќе женски лица кои нелегално работеле како пеачки и танчерки.
 
Од СВР Тетово информираат дека утрово во периодто од 2 до 4 часот, била спроведена акциска контрола во угостителскиот објект „Баке-ком ДООЕЛ“ во сопственост на А.Н.( 47 ) од ова село.
 
При контролата, која била спроведена во координација со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, во објектот биле затекнати 13 женски лица, пејачки и танчерки, од кои 10 албански и три македонски државјанки.
 
Поради злоупотреба на туристичкиот престој, странските државјанки приведени се и задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка, додека македонските државјанки, по кусо време се пуштени.