Полицаец, дете и жена пренесени на клиника по пожар во куќа во Скопје
Вчера во 10:16 часот, Е.Ј.С. од Скопје пријавила дека на улицата Александар Македонски во Скопје избувнал пожар во семејна куќа, сопственост на Е.С. (49) од Скопје. Во моментот на настанот, во куќата се наоѓале 12-годишниот син на пријавителката и нејзината мајка, В.Ј.
„По преземените мерки и активности од страна на полициските службеници на СВР Скопје, двата лица беа успешно извлечени од куќата и пренесени со Итна медицинска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ заради вдишување на чад“, изјавија од Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат од МВР, исто така, и еден полициски службеник бил изложен на чад и бил пренесен во болница за да му укажат лекарска помош, но неговата состојба е стабилна.
Пожарот беше изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а од страна на полицијата се преземени сите неопходни мерки за расчистување на случајот. Јавен обвинител е известен за настанот, а увид бил извршен од увидната екипа на СВР Скопје.
„Нема повредени лица, а пожарот е целосно локализиран“, додаваат од МВР.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат