-->
-->
Погледнете што направи израелскиот амбасадор пред фонтаната на плоштадот во Скопје
-->
Одејќи кон МНР, каде амбасадорот на Израел, Дан Ориан, имаше средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за момент пред фонтаната на плоштадот „Македонија“ направи акробација со која се пофали на социјлните мрежи.
Имено, амбасадорот објави фотографија на Фејсбук како стои на раце до подната фонтана на плоштадот.
„На пат кон следниот состанок, по средбата со министерот за надворешни работи, застанав за момент до фонтаната во центарот на градот, ги ставив палтото и актовката на земја и…знаете“, напиша Ориан.
По објавената фотографија следуваа коментари од негови пријатели од земјава и странство дека е „најкул дипломат на светот“, „дипломат акробат“ и уште многу пофалби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Села ги доби печатите од АА
-
Владата на вонредна седница утре ќе ги замрзне маржите на 100 групи производи
-
Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови
-
Пикот на грипот ги испразни училиштата, а ги наполни клиниките со болни деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата за разрешување на Коцевски откако ќе ја добие
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери на СДСМ
-
Не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците