Поддршка за поголема вклученост на граѓански организации и медиуми со проекти за ЕУ интеграција
Кралството Шведска преку проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија обезбеди 520,000 евра за поддршка на граѓански организации и медиуми со цел да се поттикне нивното активно учество и вклученост во процесот на пристапување во ЕУ, за што е отворен јавен повик.
Тој има за цел да помогне во зголемување на инцијативите на граѓанските организации и медиумите да ги следат, да се залагаат и да учествуваат во активностите што се поврзани со спроведување на клучни реформи поврзани со процесот на пристапување во ЕУ, обезбедување на добра законодавна рамка и развој на одржливи политики кои ќе бидат од корист на граѓаните.
-Регистрираните граѓански организации и медиуми имаат можност да аплицираат за грантови до 33.000 евра во рамките на делот на повикот кој е наменет за поддршка на граѓански организации и грантови до 80.000 евра во рамките на делот што е наменет за поддршка на медиуми. Предлог проектите треба да бидат со период на имплементација од осум до дванаесет месеци и да се достават до 30 октомври. Деталните критериуми и потребната документација за пријавување може да се најдат на веб страната на проектот nordiskapoddrska.org.mk, се вели во соопштението од Канцеларијата на UNOPS во Скопје.
За сите заинтересирани организации ќе се организираат три информативни сесии за презентирање на повикот, споделување на дополнителни информации и појаснување на одредени прашања за повикот во Тетово на 19 септември во хотел Меркур, во Битола на 24 септември во хотел Епинал и во Скопје на 27 септември во хотел Бест Вестерн, сите со почеток во 12 часот.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд