Под вода неколку места во околината на грчкиот град Кардица
Неколку села и помали градови во околината на Кардица во централна Грција се целосно поплавени, а жителите, засолниште најдоа на крововите на домовите во исчекување на помош, јави дописничката на МИА од Атина.
Според видеата објавени на социјалните мрежи, најпогоден е градот Паламас каде што дел од куќите се целосно под вода и се гледаат само крововите.
Карактеристично е и видеото во кое татко со помош на душек за на плажа, низ поплавените улици ги спасува своите деца и кучето.
Преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до оние кои се наоѓаат во Паламас да ги напуштат приземјата и подрумите на објектите.
Според портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, поради тоа што водата надминува два метри, отежната е интервенцијата на спасувачки тимови со булдожери, чамци, хамери и возила од армијата, а поради молњите не е дозволена интервенција од воздух со воздушни средства.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец