-->
-->
Почувствуван земјотрес во Дебар, Тетово, Гостивар и Скопје
-->
Во Дебар, Тетово, Гостивар, Скопје и околината е почувствуван земјотресот што се случи попладнево во 15:53 часот во соседна Албанија со епицентар во граничното епицентрално подрајче Дебар-Пешкопеја, со интензитет од 4,8 степени според Рихтер, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според досегашните податоци на Сеизмолошката опсерваторија, во Дебар земјотресот е почувствуван со интензитет од пет степени, во Тетово и Гостивар со четири степени, а во Скопје и околината од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил во Албанија, на 50 километри северозападно од Тирана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Труење со салмонела: Затворени сендвичара во Аеродром и ресторан во Влае
-
ЗНАМ и ВРЕДИ повторно со спротивни ставови за употребата на албанското знаме
-
Тема на денот со Максим Ацевски, главен државен ревизор
-
Мицкоски ќе земе 500 милиони евра позајмица од Орбан
-
Мицкоски: Сакаме да бидеме добри соседи, но не со свиткана кичма
-
Давкова: Младите на доброволна основа да може да отслужуваат воен рок
-
Искршени детски игралишта, се бараат сторителите
-
Пожарот во Неготино се уште активен