Почнува Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД
Билатералните односи меѓу Скопје и Вашингтон, но и прашања од глобален интерес ќе бидат во фокусот на стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД што почнува денеска во Вашингтон, а на кој значајно место во разговорите ќе имаат и темите од областа на регионалната соработка, одбраната и безбедноста, енергетиката, економската соработка, трговијата и инвестициите, културната соработка, како и прашањата од областа на образованието, демократскиот развој и борбата против корупција.
На разговорите воедно, ќе стане збор и за евроинтегративните процеси на Северна Македонија и регионот, идното претседавање на земјава со ОБСЕ во 2023 година, како и за актуелните безбедносни предизвици и нивните импликации врз трансатлантската безбедност,.
Делегацијата на Северна Македонија ја предводи шефот на дипломатијата Бујар Османи, а во нејзин состав се и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за економија Крешник Бектеши и за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Дополнително, преку видео-конференциска врска на Стратешкиот дијалог ќе се приклучи и вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска. Официјален домаќин од американска страна ќе биде помошникот државен секретар Карен Донфрид, која неодамна ја посети Северна Македонија.
По завршувањето на Стратешкиот дијалог предвидено е да биде донесена Заедничка изјава меѓу Северна Македонија и САД, со која ќе бидат реафирмирани заедничките заложби за понатамошно надградување на билатералните односи и соработката меѓу двете земји.
Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз во пресрет на Стратешкиот дијалог нагласи дека идејата е да се опфатат повеќе теми, како економскиот просперитет, јакнењето на демократските институции, одбраната и безбедноста, како и донесување експерти кои би разговарале за приоритетите на секоја страна.
– Намерата за Стратешкиот дијалог е да се разгледаат областите коишто сѐ уште ги немаме потполно истражено. Сѐ уште има простор да се работи на прашања од областа на одбраната и безбедноста, но и на многу други области како економија, енергетика, климатски промени, работа со младите, културна размена, едукација…мислам дека Стратешкиот дијалог нуди интересни можности за во иднина и испраќа сигнал дека САД сакаат уште повеќе да вложат во него. Тоа може да е добар патоказ двете земји да продолжат да го градат своето партнерство, изјави амбасадорката Брнз во гостување на телевизија Алсат.
Таа оцени дека стратешкиот дијалог е добра можност за континуирана соработка меѓу двете земји и е одличен патоказ за продолжување на партнерството помеѓу САД и Северна Македонија.
Во рамки на престојот на Вашингтон, предвидено е членовите на владината делегација да остварат повеќе билатерални средби. Османи, како што е најавено, ќе има билатерални средби со високи државни претставници на САД, како и истакнати личности од граѓанскиот сектор и тинк-тенк организации.
Бектеши вчера се сретна со американскиот помошник секретар за енергетика Ендру Лајт, а предвиедно е да учествува и на состаноци со претставници на Американскo-
Министерката Петровска вчера имаше неколку средби со тинк-тенк заедницата, како и официјална вечера со помошничката на секретарот за одбрана, Селесте Валандер, а положи и венец на Гробот на незнајниот војник на Националните воени гробишта „Арлингтон” во Вашингтон. Таа во Пентагон ќе се сретне и со потсекретарот за одбрана, задолжен за политички прашања Колин Кал, со командантот на Националната гарда на САД, генералот Даниел Хокансон, командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и секретарот на Копнената војска на САД, Кристин Вормунт. Петровска во Стејт департментот ќе има средба и со помошничката на државниот секретар и шеф на Бирото за воено-политички работи, Џесика Луис.
Костадиновска-Стојчевска, пак ќе ги посети Националниот демократски институт (НДИ) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а предвидено е еден сегмент од дискусиите да биде посветен на практика што е потребна во нашата држава за да се спречи нелегалната трговија на уметнички дела и артефакти.
Инаку, Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан што отвора Стратешки дијалог со САД, кој воедно претставува надградба на досегашното стратешко партнерство меѓу двете земји и подигнување на билатералните односи на повисоко ниво.
Ново на Сител
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци