Почна работната средба Заев - Гаши
Почна работната средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, формат 1+1 (Димитар Ковачевски од СДСМ и Беким Сали од Алтернатива).
На оваа и на средбите што ќе следат ќе се разговара за предлозите за учество на Алтернатива во Владата и за улогите и одговорностите кои политичките субјекти треба да ги преземат во испораката на резултати кон граѓаните.
Пред средбата премиерот Заев не сакаше да даде изјава за очекувањата или за предлозите до Алтернатива. Гаши пак вели дека ова е прва средба на која очекува да ги слушне концептите на СДСМ за излезе од енергетската и здравствената криза, но и како да не се испушти историската шанса за почеток на преговорите за членство во Европската унија во декември.
Лидерот на Алтернатива не сакаше да ги коментира најавите за промена на премиерското место и дали Ковачевски кој е кандидат за наследник на Заев во СДСМ е прифатлива за нив како нов мандатар. Тоа според Гаши била интерна работа на СДСМ, а преговорите за влез во Влада се меѓу партии и за концепти. Гаши не сакаше да открие кои ресори и министерски места ги бара Алтернатива.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
До две илјади денари заштеда од храна без ДДВ, предлага СДСМ
-
Комората бара заемот од Унгарија што поскоро да стигне до бизнисот
-
Тошковски најави нови интересни случаи поврзани со групата „Грчец“ и организираниот криминал
-
Ден на ромскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина