Балкан
11. August 2024 - 19:10

Почна протест пред Владата на Србија поради изречени затворски казни на лица од вчерашните протести

Пред зградата на Владата на Србија започна граѓански протест поради затворската казна на тројца активисти ученсици во вчерашниот голем протест против ископ на литиум и бор во државата.

Активистот Иван Блејиќ е експресно осуден на 40 дена затвор за нарушување на јавниот ред и мир, а Никола Ристиќ и Јевгеније Јулијан Димитријевиќ добија по 30 дена затвор, исто така за нарушување на јавниот ред и мир.

Поради затворските казни на тројцата активисти, претставникот на организацијата „Не дамо Јадар“, Златко Кокановиќ ги повика граѓаните во 18 часот масовно да се соберат пред зградата на Владата на Србија.