Бизнис
27. April 2018 - 20:40

Почна комисиската расправа за законот за енергетика- опозицијата демонстратитно ја напушти салата

Првото читање на предлог Закон за енергетика почна со политички препукувања. Опозицијата демостративно  ја напушти комисиската расправа на која требаше да се дискутира за оправданоста за носењето на законот. Цуклев од ВМРО ДПМНЕ обвини дека законот се носи за бизнис интереси на власта пред се на вицепремиерот Анѓушев. Во знак на солидарност поради заканите врз медиумите и граѓанското општество пратениците излегоа од салата и побараа морална одговорност од владините функционери.

Анѓушев пак ги охрабри пратениците од опозицијата да зборуваат со аргументи. Според него законот е направен во согласност со европската легислатива.

Министерот за економија посочи дека  новиот Закон за енергетика требало да се донесе пред 3 години. Македонија трпи загуби и се соочува со спорови поради задоцнетото носење.

Со новиот Закон за енергетика пазарот на електрична енергија целосно ќе се либерализира. Домаќинствата ќе можат сами да одлучат кој ќе ги снабдува со струја. А оние кои нема да го направат тоа електрична енергија ќе добиваат од универзален снабдувач кој ќе го избере државата. Со законот е предвидено и идните инвеститори  во градбите да поставуваат мерачи на топлинска енергија.