Почна чествување на „Свети Спас“ заштитникот на градот Гевгелија
Со гала концертот „Арија за тебе“ на Македонската опера и балет, во Гевгелија почна чествувањето на празникот Свети Спас кој се смета за заштитник на градот.
Новина на овој концерт, што наиде на позитивна реакција кај публиката, беа кусите, но многу инвентивни објаснувања пред секоја исполнета арија од страна на Елена Сиљаноска која на пијано ги придружуваше солистите Невен Сиљановски, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Александра Лазаревска-Василева и Злата Тошевска.
Директорот на МОБ, Ќазим Асотиќ истакна дека секогаш со задоволство гостуваат во Гевгелија, кој не само што е топол географски град,туку има топла и гостопримлива публика. Наша долгорочна заложба е, рече тој, заедно со локалната самоуправа да работиме на едукација на помладите со вакви слични концерти, како и со детски претстави и балетски концерти.
Реализацијата на богатата културна програма за прослава на „Спасовден“ во Гевгелија продолжува вечер со гостување на театарот Комедија.
Ново на Сител
-
Македонија и Бугарија остануваат посветени на пругата од Коридорот 8
-
Преглед на вестите од светот
-
Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата
-
15 цариници и 1 полицаец приведени во акцијата „Премин“ за примање поткуп
-
Села бара "балансер" во МАНУ
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски
-
Парното по стара цена, за струјата се прават анализи
-
Познатиот кардиолог Игор Балевски дел од тимот во клиничката болница “Аџибадем Систина”