Македонија
13. August 2024 - 17:11

Починато момче пронајдено во влез на зграда во Центар

Починато момче синоќа било пронајдено во влез на станбена зграда на подрачјето на Центар.

Како што се наведува во денешниот МВР билтен, случајот синоќа во 22:25 часот бил пријавен во СВР Скопје. Според пријавата, починатиот е И.С.(22) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.