Македонија
10. September 2024 - 12:57

Мотоциклист од Валандово изгубил контрола и удрил во паркирано возило


Вчера во 16.20 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистрален пат А1, на делницата од с.Марвинци кон с.Удово, атар на село Марвинци, валандовско, С.К.(44) од село Удово, валандовско, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „форд“ со валандовски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.