Балкан
25. August 2021 - 19:52

Почина српскиот актер Милан Лане Гутовиќ

Српските медиуми предмалку пренесоа вест дека починал српскиот актер Милан Лане Гутовиќ на 76 годишна возраст, после долга и тешка болест. Тој минатата недела бил примен во Клиничкиот центар во Белград поради респираторни проблеми, а состојбата во последните два дена му се влошила и бил приклучен на респиратор.

Веста ја потврдил неговиот син Саша Гутовиќ. Во дел од медиумите се вели дека актерот имал респираторни проблеми. Сите тестови покажале дека е негативен на Ковид-19, но сепак се претпоставува дека имал компликации после претходно прележаниот вирус.