Почеток на проект за македонска активна платформа за социјална инклузија
Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид, во соработка со Македонско женско лоби од Скопје, денеска во Скопје организира национална конференција за промоција на проектот „Македонска активна платформа за социјална инклузија – МАПСИ“.
Проектот Македонска активна платформа за социјална инклузија - МАПСИ е поддржан од Европската Унија со средства од Оперативна програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 на IV ИПА компонента.
Институтот Охрид од 2015 година го спроведува овој проект заедно со МЖЛ, со цел поттикнување на социјалното вклучување на младите и жените и подобрување на нивниот статус на локално ниво.
Креирани се вкупно 18 активни платформи - мрежи кои вклучуваат предлог активности и конкретни мерки за подобрување на статусот на ранливите категории на граѓани на локално ниво и тоа црпејќи го легитимитетот од локалните чинители, локалните граѓански здруженија, бизнис заедницата, граѓаните, претставници на локалната и централната власта, како и медиумите.
На националната конференција ќе бидат претставени 18 локални предлог стратегии за социјална инклузија на млади и жени од 18 општини од Република Македонија.
Ново на Сител
-
57-годишен маж од Кочанско загина во сообраќајка
-
Генерално чистење во општина Кисела Вода
-
Успешно родени 33 жаби-младенчиња од загрозен вид во Лондон
-
Приведено лице од кочанско за предизвикување пожар
-
Турција ќе прифати 15 Палестинци ослободени од израелските затвори
-
Утре без вода Нерези и Тафталиџе
-
Трамп сака украински минерали во замена за континуирана помош
-
Јануари 2025 просечно топол месец и многу сув