По Вардар од Велес заплови 20. Вардарска регата „Гемиџии 2018“
Под Мало мовче утрово по Вардар од Велес заплови 20. Вардарска регата „Гемиџии 2018“ што ја организира Општина Велес.
Во својство на организатор денеска во чест на славните гемиџии по традиција венецот го фрли да плови по Вардар градоначалникот Аце Коцевски.
Претходно, делегации на општината, на АРМ, на Сојузот на пензионери и учесниците положија букети цвеќе на споменикот на гемиџиите кај Вардар во Велес.
За разлика од лани кога имаше 60 учесници, годинава има 25, а наместо до Гевгелија како што беше во изминатите години оваа година регата ќе плови во три наместо во четири етапи и наместо до Гевгелија ќе плови до Удово. По Вардар се заплови со три гумени чамци и една дрвена гемија која е реплика на онаа со која велешките трговци по Вардар за Солун превезувале разни стоки на крајот на 19. и почетокот на 20. век.
Ане Гушев од Извидничкиот одред „Димитар Влахов“, раководител на регатата, вели дека услвоите за пловидба се добри.
- Но, не знаеме какви се условите после Удово иако ЕЛЕМ ни вети дека ќе пушти вода од хидроцентралите, но не знаеме како тоа ќе профункционира и затоа одлучивме да пловиме само до Удово наместо до Гевгелија, изјави Гушев.
Градоначалникот Аце Коцевски во изјавата за медиумите потенцира дека му е мило што денеска заплови вардарската регата „Гемиџии“.
- Со ова се негираат шпекулациите дека регатата нема да се одржи бидејќи имаше обезбедено средства од програмата на Општината за оваа година, информира Коцевски.
Тој воедно најави дека регатата и понатаму ќе се одржува и тоа во стариот термин, крајот на јуни и почетокот на јули.
- Велес и понатаму ќе им се одолжува на славните гемиџии од 1903. Химната во Велес е посветена на гемиџиите. Тие се симбол на Велес, а со својата славна порака „Се арчиме за Македонија“, тие го жртвуваат најсветото – своите млади животи за Македонија, а нивното дело е длабоко вкоренето во нашите традиции, потсети Коцевски.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек