По невидениот гаф, градоначалничката на Драч поднесе оставка
Градоначалничката на Драч, Валбона Сако, поднесе оставка по изјавата која доцна синоќа во живо ја даде за Топ ченел. Сако, веројатно по грешка, изјави дека тие се задоволни со 50 жртви.
– Ова беше еден катастрофален земјотрес, но сме задоволни и со 50 жртви, затоа што во други случаи бројот на жртви бил поголем и од илјада, рече Сако.
Соопштувајќи ја одлуката на нејзиниот профил на Фејсбук да се повлече од градоначалничката функција, таа рече дека е длабоко повредена од негативните реакции на објавата што ја дала синоќа.
Таа им се заблагодарува на сите за довербата што и ја дале и бара разбирање од сите, поради изјавата која е последица на нејзината премореност.
– Повредена од огромната негативна реакција на изјавата што ја дадов, под стрес и премореност кои ја надминува мојата моќ, јас поднесувам оставка како градоначалник на Драч. Им благодарам од срце на сите што веруваа во мене и се надевам дека ќе ме разберат,напиша на Фејсбук.
Инаку, тлото во Албанија не мирува. Нов силен земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала, е регистриран синоќа со епицентар во Хамалај кај Драч, а утрово со магнитуда од 3,9 со епицентар во Јадранско Море исто така кај Драч.
Ново на Сител
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар