Македонија
6. January 2024 - 19:35

По 11-ти пат одржана традиционалната бадникова поворка низ улиците на Охрид

Преку илјада дечиња со пеење на песната Вечниот бог  и носење на пештерата  го најавија Христовото раѓање .Бадниковата поворка започна од црквата Свети Ѓеорѓи низ улиците на Охрид па се до градскиот плоштад каде најмладите беа дарувани со подароци.

Предводници на поворката оваа година беа уметниците Ѓоко Танески и Христијан Настоски-Пајак.

Бадниковата поворка во Охрид се одржува по 11ти пат а новина оваа година е тоа што песната Вечниот бог беше изведена и на знаковен јазик .