Петров: Причината за автобуската несреќата е човечка грешка и истрагата најверојатно ќе биде затворена
Истрагата за сообраќајната несреќа на автопатот Струма, во Бугарија, во која загинаа 45 граѓани на Северна Македонија е завршена, изјави за БТВ истражителот на бугарската Национална истражна служба Младен Петров. Како што јави дописникот на МИА од Софија, заклучокот од истрагата е дека единствена причина е човечка грешка на возачот, а поради непостоење на виновно однесување, случајот речиси сигурно ќе биде затворен.
Младен Петров изјави дека само однесувањето на возачот на македонскиот автобус е причина за настанување на таквата состојба и несреќата. Проверени се сите претпоставки за присуство на запаливи течности во автобусот и јасно е утврдено дека такви немало. Според истражителот, истрагата утврдила дека видливоста била добра и немало магла.
Бугарскиот тим истражители, исто така, ја отфрла верзијата дека ознаката можеби е причина за несреќата. Според Петров, хоризонталните ознаки на патот и страничните ознаки биле малку избледени, но не и невидливи.
– Средната, централна линија што ги дели лентите е прилично светла и секако видлива, рече Петров.
Во конкретната ситуација, насочувањето на автобусот на „Беса транс“ од активната коловозна лента и ударот во заштитната ограда довело до продирање и уништување на конструктивни елементи, притисок на резерворот за гориво и компресија на неговата содржина.
– Ова е придружено со обилни искри од триење, кое ја достигнало потребната температура и притисок за да се запали горивото, изјави истражителот Младен Петров.
Тој најави дека сега се чека преглед на мислењето на истражниот тим, кое ќе го вршат обвинители.
– Треба да се вклучат жртвите, роднините на загинатите и преживеаните патници. Нашето мислење е дека нема виновно однесување што е причинско-последична врска за овој резултат, рече Петров, посочувајќи дека истрагата најверојатно ќе биде прекината.
Ново на Сител
-
Наставници од СОУ „Ванчо Прќе“ во Виница ја бојкотираат наставата
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија е далеку од гасификација: Преносната мрежа не е готова, дистрибутивната не е ниту почната
-
Вредностите на манганот во водата во Струмица околу границата на исправност
-
Сите за правично судење: Загрижувачки е изборот на директор на Академијата за судии
-
Министерката влезе во „Кузман“ да провери како тече реконструкцијата
-
Османи нуди план за менување на уставот - да се вметне клаузула за суспендирање на уставните измени
-
Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ