-->
-->
Пет пожари вчера во Крива Паланка,еден се уште активен
-->
Екипите на територијалната противпожарна единица Крива Паланка во текот на вчерашниот ден интервенирале на пет пожари, а еден се уште активен и се работи на догасување на истиот. Во овој пожар во селото Баштево изгорени се пет стари куќи кои во моментот не биле населени.
- Вчера во 8 часот и 40 минути примена е дојава за запалена сува трева во м.в. Габарско ливаѓе во село Габар каде гореше на три различnи локации. Пожарот го гасеа три екипи пожарникари, три на ЈП Македонски шуми ПШС "Осогово" и една од ДЗС Крива Паланка. Оттука екипите продолжија во село Градец, маала Петковци оддалечено два километри, по дојава околу 12 часот, каде беше подметнат пожар во овоштарник. Истиот е изгаснат за краток период ,информира Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка.
Во сите интервенции паралелно се вклучиле екипи на вработени во ЈП Македонски шуми ПШС "Осогово".
- Третиот пожар беше кај м.в.Паднати бандери, село Конопница, каде се опожарени 0,5 декари сува трева и бор. Околу 15 часот и 30 минути гореше повторно сува трева во с. Градец. Во 17 часот и 40 минути е дојавата за пожар во село Баштево, кое се наоѓа во тешко пристапен планински терен, а гореа куќи. Три од нив се стари и паднати, но две кои изгореа сопствениците ги користеле за привремен престој. Интервениравме со две екипи и седум пожарникари, дополнително две екипи од шумско стопанство и месно население, додава Коцевски.
Истакна дека до 23 часот синоќа активно гаснеле на терен, екипите се повлечени во текот на ноќта, а од пет утринава, десет луѓе повторно се на терен и гаснат, бидејќи истиот се шири под земја и по корењата на дрвата. Пожарот е се уште активен и се работи за негова ликвидација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија