Пет лица во Австралија обвинети за терористички заговор во Сиднеј
Пет лица во Австралија се обвинети за терористички заговор за напад врз полицијата во Сиднеј, соопшти полицијата, јави ДПА.
Приведени се 15-годишен тинејџер, кој бил следен повеќе од една година и 20 годишен маж. Останатите три лица веќе се во затвор за други обвиненија за тероризам.
Петмината обвинети биле дел од група, која минатата година планирала да нападне и обезглави човек на случаен принцип. Заговорот веќе бил откриен и биле уапсени 15 лица.
Групата и покрај тоа продолжила да планира напад врз зградата на дирекцијата на полицијата во Сиднеј.
Петмината обвинети денеска ќе бидат изведени пред суд.
Друг австралиски тинејџер, кој се приклучил кон џихадистичката групација Исламска држава (ИД) е убиен во Сирија, јави ДПА. Се претпоставува дека 18-годишниот Абдула Елмир, познат како „Црвенокосиот џихадист“, загинал при бомбардирање на Рака, кој е де факто главен град на „Калифатот“ што го прогласи ИД.
Австралиската Влада смета дека околу 110 нејзини државјани заминале во Сирија за да се борат на страната на ИД, при што десет од нив се убиени.
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите