Пендаровски за Сител: Вчера имаше обид докажан соработник на хитлеровиот режим да биде претставен како мост за зближување
Претсетаделот Пендаровски остро реагира на вчерашното отворање на културниот клуб Ванчо Михајлов во Битола.
Во одговор на прашањето на Сител за коментар на случувањата, вели дека овој настан бил обид докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде прикажан како мост за зближување на Македонија и Бугарија.
-Иако отворањето културни центри насекаде во демократскиот свет претставува чекор кон зближување на народите и нивните култури, именувањето на установи од областа на културата според докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна не и служи на таа благородна кауза.
Не спорејќи ја добрата намера на премиерот Петков, вчера во Битола во составот на бугарската делегација беа и двајца претставници на поранешната власт во Софија кои беа најгласни противници на македонскиот пат кон Европа. Со самото нивно присуство и изјави беа минимизирани пораките за добрососедство и соработка кои беа испратени од бугарскиот премиер.
Во 2017 година, идејата да се формира комисија составена од историчари беше да се најде компромис за историските настани и личности кои треба да бидат заеднички чествувани и од македонскиот и од бугарскиот народ. За жал, вчера во Битола беше направен обид еден докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде претставен како мост на зближување меѓу двете држави. Сигурен сум дека ниту македонскиот, ниту бугарскиот народ сметаат дека ликот и (не)делото на Ванчо Михајлов можат да придонесат во таа насока, велат од кабинетот на претседателот Пендаровски за Сител.
Ново на Сител
-
Зеленски - Нема да ги признаеме руско-американски преговори во Ријад, вонреден самит во Париз за Украина
-
Анкета: Само 20% од граѓаните поддржуваат уставни измени, ЕУ има желба да помогне за интеграција на Македонија
-
ЗНАМ е против промена на грбот
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, утре на владина седница
-
СДСМ поднесе предлог закон за поевтина храна и струја
-
За два месеци ќе се знае дали „Градски воз“ е исплатлив проект
-
Обвинителството почна постапка за малолетникот кој без возачка удри двајца тинејџери, но и за лицето што му го дало автомобилот
-
Министерот и градоначалниците во потрага по скопски деликвенти