Пендаровски за „27 Април“: Апелација да утврди - обвинетите одговараат за тероризам или за неделовничко работење?
-Ако е точно дека главниот аргумент е дека водењето на седницата е спротивно на деловник, тогаш тоа евентуално би било неделовничко работење а не организирање на терористички напад, вели Пендаровски.
Според него Апелација ќе има работа да потврди дали тоа било тоа така, и дали има доволна основа да се осудат обвинетите Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и Владимир Атансовски за терористичка организација.
Тој потенцираше дека нема никаква логика организаторите да добијат 6 години, а извршителите да добијат 18 години затвор бидејќи се судат за исто дело исти настан.
Според него амнестијата може да служи како олеснителна околност, но таа се користи или целосно или воопшто, не може да се користи само дел. Ќе спуштиме некоја година поради амнестијата, ако се сака да се користи амнестијата тогаш треба во целост да се применува, ако не да не се споменува.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден