Пендаровски: Имаме доволно време после Нова година да размислуваме за изборите, сега не е време
Не знам кој нормален човек или политичар во вакви траорни времиња може да размислува за власт, за избори или за мандати. Изборите се закажани за април и мај следната година и имаме доволно време после Нова година да размислуваме за тие работи, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски.
Тој пред почетокот на настанот „30 години дипломатски односи Северна Македонија - Франција“ на новинарско прашање во врска со денешната негова изјава околу кандидирањето за нов мандат, изјави дека во овој момент неговите мисли се насочени само кон последниот трагичен настан со двојното убиство кое се случи во државата.
-Прашањето на ваша колешка беше дали размислувам за втор мандат. Јас реков дека не размислувам и не знам кој нормален човек, граѓанин на нашава Македонија или политичар, во вакви траорни времиња низ кои поминуваме, може да размислува за власт, за избори, за мандати. Изборите се закажани за април и мај следната година и имаме доволно време после Нова година да размислуваме за тие работи, рече Пендаровски.
Како што посочи, својот мандат ќе го изработи до крај, во согласност со потребите на граѓаните.
Инаку, Пендаровски денеска на прашање дали размислува да се кандидира за нов мандат на претседателските избори во април идната година, кажа кусо „Не“.
Ново на Сител
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД