Педофил е осомничен за киднапирање на малата Меделин, 13 години по нејзиното исчезнување
Случајот со исчезнувањето на тригодишната Меделин Мекен би можело да добие нова разврска, 13 години подоцна.
Германската полиција смета дека осуден педофил кој во моментов е во затвор има врска со нејзиното киднапирање и во моментов е главен осомничен во случајот.
Неидентификуваниот 43-годишен Германец во моментов е во затвор поради претходни обвиненија за педофилија. Тој на 3 мај, 2007 година се движел во близина на одморалиштето во Алгарве, Португалија каде тогаш исчезна тригодишната Британка.
Осомничениот во периодот од 1995 до 2007 година престојувал во подрачјето на Алгарве, живеејќи во камп-приколка.
Полицијата смета дека има јасни индикации дека учествувал во киднапирањето.
„Во моментов тој е клучен осомничен во нашата истрага. Затоа упатуваме повик за каква било информација, за да ги потврдиме или демантираме нашите сомнежи“, изјави помошник-началникот на лондонската полиција Стјуарт Канди за The Guardian.
Тригодишната Меделин Мекен исчезна во Алгарве пред 13 години, додека беше на одмор таму со нејзините родители, Гери и Кејт Мекен.
Тие се заблагодарија на полицијата и рекоа дека „сѐ што сакале е да ја најдат“.
Полицијата упати апел за информација во врска со две возила што ги користел осомничениот во тој период.
Ново на Сител
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух