Бизнис
24. January 2019 - 19:43

Пазарџиите потпишуваат петиција за укинување на Законот за пазари

Пазарџиите потпишуваат петиција за целосно повлекување на законот за пазари. Денеска само на влезовите на Зелениот пазар во Скопје свој потпис на петицијата ставија над 1000 закупци на тезги. 

Барањето на пазарџиите останува целосно укинување на законот и изработка на ново решение.

Паралелно, во Собрнието од понеделник ќе биде поведена постапка за одложување на примената на законот за од 01 јануари следната година.