Патот Приштина-Скопје ќе биде пуштен во сообраќај за пет дена
Најдоцна за пет дена, односно пред 1 јуни, ќе биде пуштен во сообраќај патот Приштина-Скопје, на потегот Качаник-Генерал Јанковиќ, а набргу потоа ќе биде отворана уште една делница на автопатот „Арбен Џафери“, која ќе ја поврзува Приштина со граничниот премин Блаце на границата со Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовскиот заменик-министер за инфраструктура Реџеп Кадриу, во интервју за телевизијата КТВ, изјави дека на реконструкцијата на магистралниот пат Качаник-Генерал Јанковиќ се работи интензивно во две смени, додека многу бргу се очекува и пуштање во сообраќај на делницата Урошевац-Качаник од автопатот „Арбен Џафери“.
- Во јуни ќе го отвориме автопатот до Качаник, но не можам да ви кажам да ли тоа ќе биде на 1 јуни,, бидејќи датумот треба да го одредиме заедно со премиерот (Рамуш) Харадинај, изјави Кадриу.
Тој додаде дека работите на изградбата на автопатот до границата со Македонија ќе завршат пред крајот на годинава.
Магистралниот пат меѓу Качаник и Генерал Јанковиќ беше затворен на 8 мај, со цел да се расчистат местата на кои често има одрони.
Ново на Сител
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава
-
Тема на денот со проф. Д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на ТОАРИЛУЦ