Свет
1. January 2018 - 9:36

Папата Францис: 2017 година ја расипаа војни, лаги и неправди

Папата Францис оцени во новогодишното браќање дека минатата година ја расипале војни, лаги и неправда и повика луѓето да преземат одговорност за своите дела

Тој истакна дека човештвото „ја расипало“ годината „на многу начини со смртни акции, лаги и неправди“.

Иако не спомена ниту една колективна случка, Папата оваа година говореше за најголемите проблеми во светот. Изрази и загриженост поради зголемените тензии меѓу Западот и Северна Кореја проади развојот на нуклеарната програма.

На крајот од службата поглаварот на Римокатоличката црква прошета по Плоштадот Свети Петар во Ватикан поздравувајќи се и фотографирајќи се со верници. 

Ново на Сител