Фудбал
26. March 2021 - 17:02

Пандев: Не сакаме премија за пораз

Македонската фудбалска репрезентација не искористи бројни шанси на гостувањето во Букурешт и загуби со 3-2 од домашната селекција на Романија на стартот од мундијалските квалификации. И покрај поразот ФФМ одлучи да ги награди фудбалерите со 40 илјади евра за добрата игра што репрезентативците категорично го одбија:

„40.000 евра нека си поделат членовите на сојузот меѓу себе или нека направат нешто друго со парите. Ние разговаравме меѓу себе и ниту еден играч не се согласи на оваа премија. Ние за пораз не сакаме пари“, кажа Пандев.