Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
Палестинскиот претседател Махмуд Абас во телефонски разговор му ја честитал изборната победа на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, а Трамп му возвратил дека ќе работи на запирање на војната, соопшти кабинетот на палестинскиот претседател.
Абас му посака среќа на Трамп додека се подготвува за неговото второ влегување во Белата куќа и изрази подготвеност да работи со него за постигнување „праведен и сеопфатен мир заснован на меѓународен легитимитет“, се наведува во соопштението на кабинетот на палестинскиот претседател.
Трамп, кој ќе се врати во Белата куќа на 20 јануари, му рекол на Абас дека „ќе работи на запирање на војната“ и дека е подготвен да работи со Абас и сите заинтересирани страни за „промовирање на мирот на Блискиот Исток“.
Трамп и палестинскиот лидер имаа многу нестабилни односи за време на неговиот прв мандат, особен о по одлуката за преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.
Ново на Сител
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа
-
Раде Трајковски-Штекли и уште осум лица од неговата група добија 30 дневен притвор за продажба на дрога
-
Откако Силјановска ги врати, лиценците на негователките утре повторно на седница
-
Измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа
-
Денот на рибарите во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Светот во исчекување на инаугурацијата на Трамп