Пакистан се обидува да ја засили дигиталната контрола
– Пакистан го ограничува користењето на виртуелните приватни мрежи (ВПН), кои им овозможуваат на интернет корисниците да ја заобиколат владината контрола.
Властите тврдат дека мерката е насочена кон „нерегулираните ВПН“ кои ги користат криминалците и милитантитеДодека активистите тврдат дека новите рестрикции се насочени на регулација на интернет просторот и обид за дигитална контрола.
Пакистан претходно воведе „фајарвал“ (firewall) по примерот на Кина. Тоа предизвика прекини на интернетот и успорување, што ја наруши работата на компаниите.
Додека во ноември пакистанското Министерство за внатрешни работи побара забрана на ВПН, тврдејќи дека ги користат милитантите за „поттикнување на насилни активности“.
Исто така побара и да се спречи пристап до порнографски и блесфемични содржини.
ВПН се легални во повеќето земји, но се забранети или ограничени во авторитарни држави како Русија, Кина и Иран, каде што властите строго го контролираат пристапот до интернет и спроведуваат цензура.
Пакистанската Влада тогаш соопшти не се залага за забрана на ВПН, но им нареди на поединци и компании да ги регистрираат своите виртуелни приватни мрежи.
Активистите за дигитални права тврдат дека овој потег всушност значи забрана за ВПН.
Ново на Сител
-
Мекинро: Не верувам дека долго ќе трае соработката меѓу Ѓоковиќ и Мареј
-
Пакистан се обидува да ја засили дигиталната контрола
-
Путин: Руската економија „стабилна“ и покрај „загрижувачката“ инфлација
-
Зеленски: САД и ЕУ само заедно можат да ја спасат Украина
-
Фатени двајца бегалци од затвор
-
Заврши есенскиот дел од ракометната Суперлига, Алкалоид лидер
-
Работнички со максимални шест порази ги заврши настапите во АБА 2
-
На две грчки пристаништата откриена дрога со вкупна вредност од над четири милиони евра