Живот
6. February 2019 - 14:12

Ова ниту ловците на духови не го издржаа, па побегнаа од страв: Беа во мрачен ходник кога се слушна тресок, ќе го паметат цел живот

Ловците на духови во потрага по авантура одлучија да ја посетата озлогласената и напуштена психијатриска болница Елоиз во Вестланд, во Мичиген.

Иако очекувале да најдат нешто необично, не се надеваа дека вака ќе се исплашат.

„Велат дека овде секој ден се случуваат чудни работи, се слушаат гласови и чекори, се гледаат фигур, вратите се отвараат и слично. Моравме да ја напуштиме зградата од страв“, призна Тод Бонер.

Тимот истражувачи од Детроит одеше низ мрачен ходник, кога оддеднаш се слушна тресок, како нешто да се скршило. 

Гласно рекоа дека мора да заминат, мислејќи дека му се обраќаат на некој дух. Грамофонската плоча која стоела на полицата паднала од ништо на земја. Тогаш тие веднаш побегнаа од болнцата.

Болницата Елоиз во својот пик била организирана како еден помал град. Имала своја полицијата, пожарникари, пекара, пошта и други сектори во 78 згради, а можела да услужи илјадници пациенти.

Повеќето објекти се продадени, а ловците на духови посетиле неколку од нив кои веќе со години зјаат празни и кои поради својата репутација тешко дека ќе најдат купувач.