Ова е трета тинејџерка во Русија која ја уби телефонот: По Ксенија и Ирина, и Јулија (14) пронајдена мртва
Јулија Висотскаја (14) доживеала струен удар, а потоа се удавила во домот во Чебоксариј во Русија, кога во кадата и паднал телефонот што бил на полнач.
Нејзините родители веднаш викнале итна помош, но било предоцна. Медицинските работници можеле само да прогласат смрт на самото место.
Се работи за трет ваков случај за година дена во Русија, и покрај повторувањето на предупредувањата.
Официјалнтие лица рекоа дека користењето на мобилни телефони за време на бањање, посебно кога апаратот е вклучен во струја, претставува руски рулет.
Да потсетиме, во декември Ирина Рибникова (15), мајстор за боречки вештини, почина додека го користела својот ајфон кој се полнел, додека била во када.
Ксенија П. стара 12 години слушала музика додека телефонот и бил вклучен на полнач. Нејзината мајка ја затекнала мртва во када, а главата и била под вода.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден