-->
-->
Отворена нова фабрика во индустриската зона Прилеп 1
-->
Во индустриската зона „Прилеп 1“ е отворена нова фабрика, инвестиција на текстилниот бренд „Тритекс“.
Во новиот капацитет на површина од 4.000 метри квадратни ќе има околу 300 нови вработувања, рече синоќа на отворањето на фабриката сопстевникот Дејан Наумовски, информира општина Прилеп.
Симон Наумоски, претседател на Одбор на директори на П.И. „Витаминка“ а.д. Прилеп, пак, во име на Стопанската комора, посакал успех и уште многу нови објекти за пуштање во употреба.
Во индустриска зона во Прилеп, посочил градиначалникот Марјан Ристески, пред четири години се продадени 21 локација, а фабриката на „Тритекс“ е 11 изграден објект.
Компанијата „Тритекс“ работи на пазарот 20 години.ем/лв/09:20
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период