Македонија
1. March 2018 - 14:18

Отворена Етно одаја - традицијата, занаетот и коренот како најголемото богатство на една нација

Нашата инспирација е жена, која на еден тивок начин успеала преку иглата и конецот, преку нејзиниот вез и облека да го овековечи битот на нашиот народ, притоа создавајќи везбена историја во која специфичните орнаменти, техниките на вез и боите на конецот трајно го одбележуваат времето на нејзиното потекло и создавање, наведе Гордана Митровска, претседателката на Здружението „Арти Крафт“ на денешното отворање на Етно одаја.

2

Митровска изјави дека оваа година Здружението на уметници ракотворци одбележува пет години постоење, упатувајќи благодарност до членовите, како и до Министерството за економија, за помошта што ја дале со цел да се отвори Етно одајата.

3

- Опремувањето на Етно одаја со предмети и производи што ги работат нашите членови претставува задоволство, но и поттик да не се запре, туку со нови сили да се продалжи таму каде што застанале нашите предци, нагласи претседателката на „Арти Крафт“.

5

Митровска истакна дека со отворањето на Етно одајата, Здружението упатува порака до граѓаните дека традицијата, занаетот и коренот не треба да се заборави бидејќи тоа најголемото богатство на една држава и на една нација.

4

Колекционерката на народни носии Достана Караѓозоска Станковска, посочи дека во Етно одајата е изложен дел од нејзините носии, односно носиите од Скопска Црна Гора и Скопска Блатија.