Отстранет тумор од пет килограми од пациентка во струшката болница
Струшката болница работи со полн капацитет. Сите оддели се достапни за пациентите, редовно се вршат прегледи и интервенции, информира директорот Мухамед Асани.
Пред неколку дена, додаде тој, на одделението за Гинекологија и акушерство била изведена интервенција со која бил отстранет тумор од матка кај 45-годишна пациентка.
– Кај 45-годишна пациентка отстранет е околу пет килограми тумор од матката. Пациентката е во добра здравствена состојба и пуштена е на домашно лекување. Сакаме да упатиме еден апел жените редовно да прават контроли кај своите гинеколози за да не дојде до вакви случаи, изјави Асани.
Во однос на справување со пандемијата од Ковид-19, директорот на Болницата посочи дека во моментот имаат доволно слободни кревети. Позитивните пациенти се хоспитализираат на посебен дел во Интерното одделение, каде првично беа адаптирани 10 кревети, но како што се зголемува бројката се прават услови за сите да бидат згрижени.
– Со растот на бројките на ниво на држава и ние имаме пораст, но хоспитализирани имаме 10 до 15 пациенти, кои се потврдени позитивни на Ковид 19. Во болницата се вршат сите редовни прегледи, ако е потребна хоспитализација ги хоспитализираат, а потешките случаи се транспортираат на Инфективната клиника во Скопје, нагласи Асани.
Потсети дека ја чекаат монтажната болница која беше најавена од Министерството за здравство, но доколку не ја добијат има план за преадаптација на други простории за пациентите со коронавирус.
– Да не се шири страв кај граѓаните на Општина Струга. Ние функционираме според потребите и секојдневните побарувања од пациентите, подвлече директорот на Болницата Асани.
Ново на Сител
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа
-
Раде Трајковски-Штекли и уште осум лица од неговата група добија 30 дневен притвор за продажба на дрога
-
Откако Силјановска ги врати, лиценците на негователките утре повторно на седница
-
Измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа
-
Денот на рибарите во Охрид